ЕВРОВИЗИСКИ ПАНАЃУР

Posted on март 23, 2012 by .
Categories: колумни, музика.

Ова Евровизијава никогаш не сум ја сакал, ама да кажам дека не сум ја гледал, ќе Ве излажам.
Сум ја гледал, не пасионирано, онака, колку да сум информиран и да не изгледам глуп кога ќе се најдам во друштво и кога ќе се потегне тој муабет.
Или ако сакате посликовито, ко што викаше едно мое внуче кога ќе го прашаше бабаму:
„Се најде ли!?“
Тој и велеше:
„Јадев ама ич не беше убаво!“
Така и јас, гледам Евровизија ама без ќејф, ја гледам колку да сум информиран.
Така и оваа година, како што почнува лека полека, да се забрефтува евровизискава еуфорија, така и ја полека почнувам да се информирам што се ќе се случува на тој панаѓур на суети.
Прво нормално, сакав да видам и да чујам, кој ќе не преставува нас, Македонија, на фестивалов и да Ви кажам веднаш, дека, од осамостојувањето до сега, за прв пат, ова според мене, имаме комплетен пакет, пеач и песна, за респект. Ова пак ќе речам, е мое, субјективно мислење, што незначи дека секој ќе се сложи со мене.
Калиопи, може да Ви се допаѓа или не, како личност, појава, ама да се спори за нејзиното искуство како пеач или за нејзините вокални способности, би било само јаде.е г…а за инат или занак за тотална „глувост“.
Песната е типична песна за тандемот Букле – Грил, кој низ годиниве наназад многупати се докажал како квалитетен, хитмејкерски и победнички, што е супер препорака за фестивал како Евровизија. Инаку мене лично песната ми се допаѓа  поприлично и тоа македонската верзија. И моја препорака до МРТВ, ако воопшто нешто им значи е, Калиопи да настапи со македонската а не со англиската верзија.

Повеќе……..

ПАНТИЌУ ЈА САМ ИЗНЕНАЃЕН…, А И УВРЕЃЕН

Posted on март 21, 2012 by .
Categories: Некатегоризирано.

Ова што го гледате на фоткава погоре, ако не сте информирани, како впрочем што не бев ниту јас, е………, незнам како да ја наречам, куќа не е, барем не за мои стандарди, арно ама ќе мора така да ја наречам, кога веќе сите медиуми во Македонија ја нарекоа така, кога го известија македонското пучанство дека била ограбена КУЌАТА на сопругата на покојниот Претседател Борис Трајковски, Г-ѓа Вилма Трајковска.
Значи, да не Ве држам во неизвесност ова погоре да ти било КУЌАТА на сопругата на покојниот Претседател Борис Трајковски, Г-ѓа Вилма Трајковска.
А јас пак, каков што ме дал Господ, наивен и неинформиран, кога прв пат го видов на фотка ова здание си помислив оти е некоја нова поликлиника, хотелче или пак некоја зграда за колективно домување. Кога, шипак, не сум погодил ниту од трипати.
А еве како одеше моетео просветлување.
Станувам наутро, некаде окол седум, спремам близначките за у градинка. Троа натегање…
Ми се спие.
Ми се кака.
Чекај да догледам ТИРЕКС ЕКСПРЕС.
И веќе некаде околу 08:10 сме во градинка.
Се враќам дома, Гоца (мајками) спремила кафе и со стариот седнуваме сите тројца да испиеме тоа кафето.
Пред мене ВЕСТ…….
Стариот уште рано рано купил. Не за друго, туку заради награднава игра.
Се се надева сиротиот, дека ќе му падне стан па да ме исели веќе еднаш од неговиот стан за да може барем на стари години на раат да си проживее со мајками.
Ама не удира гром во коприви, викаат старите.
Пуста желба и ништо повеќе.
На насловна на ВЕСТ, фоткава од погоре и со крупни црни букви, фонт четриесет и некој а може и поголем, пише, ОГРАБЕНА КУЌАТА НА ВИЛМА ТРАЈКОВСКА.
Во прв момент, не ги врзувам фотката и насловот во една целина, па отварам весникот да прочитам кој тоа се осудил да краде од жената на покојниот ни Претседател и што украл. Кога внатре повтрорно истата фотка со истиот наслов.
Гоца вика…….
Види ја ти Вилма у колкава палата живеела, нејзе баш и се погодил вдовичкиот статус!
Ај бе.., и викам јас. Не е можно целово ова здание да е нејзино! Мора ова да е некоја зграда за колективно домување во која Вилма има некој стан.
Ох море синко мој недоветен, простичок и лековерен. Не ти личи на годиниве што ги имаш да бидеш толку наивен. Каков стан, какви бакрачи, се што гледаш на сликава е нејзино, ми вели старата.
Ааа не, не е можно и велам јас. Покојниот може беше смотан, недораснат за функцијата која ја вршеше. Можеби изгледаше ко да паднал од Марс, можеби беше многу нешта, арно ама лопов не беше. Не е можно волку многу пари да смуфтал за нецели три години претседалствување со земјичка како Македонија. Тоа просто не е можно да го направил човек како него, ако заради ништо друго, тогаш заради фактот што човекот беше побожен, дури мислам беше и некој свештеник, Господ од уста не го вадеше.
Арно ама Гоца не се дава, никако да ја убедам. Мисли си ти така, ми вика, затоа ќе живееш во 60 квадрата заедно со мене и со таткоти цел век и ќе спиеш заедно со женати и со двете ќерки на еден кревет. Ееее, море синко мој простичок!
И така се расправаме ние едно половина час, пробувам јас да ја убедам нејзе, ми се подсмева она мене, кога ете ти и на вести на некоја од теливизиите истата куќа  и пак викаат КУЌАТА НА ВИЛМА ТРАЈКОВСКА. Е хебига, нема више бегање. И признавам на Гоца дека она е во право, а дека јас сум еден неинформиран, лековерен шутрак, што би рекла Најче.
Незнам зошто Ви го раскажав ова….
Можеби само да си олеснам на душава, оти навистина ми тежеше. Зошто едно е Најче да ме нарекува ШУТРАК, а сосема друго е мојата родена мајка да ми го каже тоа и најнакрај ептен трето и најболно е кага сам ќе осознаам колку голем ШУТРАК навистина сум бил.

ПОЛИЦИСКА БРУТАЛНОСТ

Posted on март 15, 2012 by .
Categories: Uncategorized.

Незнам………………….
Не се сеќавам веќе, 1986-та ли беше, ’87-ма ли беше? А не е ни важно за приказнава. Важно сеуште беше СФРЈ, едноумие, полицијата сеуште се викаше МИЛИција, а јас бев млад зелен и наивен.
Ова последново сеуште важи а се друго веќе е далечно минато, за жал……
Тие години на овие простори сеуште се играше фудбал, мислам вистински фудбал, не ова што некој се заебува (да ми простите на израз) да отиде да го погледа на нашите стадиони денеска. И сеуште имаше фудбалери, во правата смисла на зборот,( а не ко овие денешниве „селски шиљокурани“ кој само мислат дека играат фудбал), за кој беа заинтерсирани и најдобрите европски тимови. И да, што е најбитно за приказнава, сеуште имаше публика која едвај чекаше утакмица за да отиде на стадион да си навива за својот тим. А немаше маж, (а богами имаше и доста жени) кој држеше до себе, а кој немаше свој омилен тим за кој душата би ја дал. Да се разбереме, тоа се беа тимови од бившата домашна лига а не шпански , италијански и др. белосветски тимови. Тие беа во втор план.
Повеќе………

А БЕ КОЦЕ, ДА ЛИ СИ ТИ НОРМАЛЕН!?

Posted on март 7, 2012 by .
Categories: вести, локално.

Ова не е реторичко прашање, епетн сериозно прашувам………., ДАЛИ СИ ТИ НОРМАЛЕН!?
Има ли крај на твоите глупости!?
Навистина планираш да ги ставаш ова галииве на потокот од лајна наречен Вардар?
Ова и од тебе да е, навистина многу е!
Па не ли ти беше доста идеата за распениот часовник, која фала богу непројде, гомноскоците и плажите, ова плажи, колку да не ги наречам кучешки ќенефи, на истиот тој Вардар, па зар навистина мислиш дека уште ова му недостасува на градот кој ти го дадоа да го раководиш? Повеќе……

ПЕРАЛНА НА МОЗОЦИ

Posted on март 3, 2012 by .
Categories: Некатегоризирано, медиуми.
YouTube Preview Image

Нема друга песна која подобро ја објаснува моменталната ситуација во Македонија………
А и Библијата не учи дека, Блажени се бедните по дух зошто нивно е царството небеско. ….
Затоа драги мои, ако не Ве бендисува тоа што нашите лидери Ви го сервираат како имитација на животот на овој свет, не мудрувајте многу и не мачетесе да ја сфатите нивната возвишена цел, туку заглупавете што повеќе можете додека сеуште ја газите земјава и очекувајте ја наградата кога ќе стигнете во царството небеско.